Татко си ја убил 2-годишната ќерка во Никшиќ

Во Никшиќската месна заедница Голија се случи трагедија кога, според првичните информации, таткото Ж.Д. (34) ја убил својата двегодишна ќерка, а потоа и себеси.

Според информациите што ги добивме, по расправија со неговата сопруга, Ж.Д. (34) и неговата двегодишна ќерка заминале во непознат правец, пишува РТЦГ.

Покрената е потрага по нив, а телата на жртвите ги пронашол таткото на Ж.Д. и ја известил полицијата.

На местото на настанот веднаш биле испратени полициски службеници и екипа на итна медицинска помош, кои ја констатирале смртта на двете лица.

Досега преземените полициски и обвинителски мерки и дејствија укажуваат на сомнение дека Ж.Д. го извршил убиството на детето, по што извршил самоубиство со употреба на огнено оружје.