Таткото на Вања барал полиграф за да ја докаже вистината: Зошто снимката од моето движење е само 10 секунди? Зошто не ја продолживте

Александар Ѓорчевски, татко на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, денеска пред судот изјави дека уште на првиот исказ во текот на истрагата побарал да биде тестиран со детектор на лаги, за, како што рече, „децидно да се докаже вистината“. Тој обвини дека Обвинителството не ја прифатило неговата иницијатива, со образложение дека во таа фаза од постапката не е дозволена употреба на полиграф.

„Јас на првиот исказ кај вас побарав детектор на лаги. Ми рековте дека во таа фаза не е дозволено. Тој уред децидно ќе покаже дали ја говорам вистината. Од мене ви е таа информација“, ѝ одговори Ѓорчевски на обвинителката.

Тој, исто така, предложи обвинителството да ги провери сите камери од системот „Безбеден град“ и да го обезбеди неговото целосно движење во деновите пред и по исчезнувањето на Вања, потенцирајќи дека дел од видеоснимките се користат селективно, без контекст.

„Зошто не ја продолживте снимката уште 10 секунди, каде се гледа како веднаш се враќам назад?“, запраша тој, алудирајќи на снимка на која се гледа како со своето возило го преминува мостот кај Александар Палас, но не и враќањето.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното