Пивото не служи само за уживање, пиење и пријатели, како и добар провод, туку и за домаќинството и да ни ја олесни работата.
Имено, со пиво можете да ги исполирате бакарните шерпи дома без мака.
Натопете крпа во пиво и полирајте.
Навистина ќе блескаат.
Покрај тоа пивото може да ви послужи и за уште една корисна работа.
Ако сакате да седнете и да јадете без да ви се плеткаат оси и муви до вас, се што ви треба е верувале или не, пиво.
Верувајте тие ќе се навртат на пивото, а не на храната.
Исто така, ова е супер трик за кога правите скара, па ставете си чаша пиво до скарата и нема да видите мака.
Исто така има лесен трик и за да ја светнете пеглата, а домаќинките со ова брзо решение ќе бидат многу задоволни.
Ако сакате да ја исчистите лесно пеглата дома, тогаш има лесен и брз трик.
Со врела пегла исклучена од штекер, поминете на површина на која сте ставиле доста сол.
Така пеглата ќе се исчисти од лепливите траги на плочата.
Во продолжение за сите домаќинки ви претставуваме и три одлични начини со кои не ви течат солзи кога сечете кромид, а воедно ќе ги спасете и очите!
Ако сакате да исечете кромид без солзи, има супер трик.
Измијте го кромидот со топла вода, а потоа ставете го во ладна.
Нема да плачете ни ако го сечете под вода.
Може да го намокрите и ножот и нема да има солзи.



