Телото на фудбалерот Кристијан Ацу е пронајдено во урнатините на турскиот град Антакија дванаесет дена по силните земјотреси, пишуваат турските медиуми, повикувајќи се на соопштението на менаџерот Мурат Узунмехмет. Ацу имаше 31 година и беше играч на турскиот прволигаш Хатајспор.
Christian Atsu bulundu ve maalesef hayatını kaybetti
— Murat Uzunmehmet (@MuratUzunmehmet) February 18, 2023
Иако неколку часа по земјотресот беше објавено дека Ацу е пронајден и хоспитализиран, оваа информација два дена подоцна беше демантирана. Ден пред земјотресот, фудбалерот од Гана беше единствениот стрелец во победата на Хатајспор над Касимпас од 1:0.
Ацу ја започна кариерата како играч на Порто, од кој беше продаден во Челзи. Како член на Челзи беше на бројни позајмици, а на крајот беше купен од Њукасл и таму остана од 2016 до 2021 година. Тој пристигна во Турција на почетокот на оваа сезона. За репрезентацијата на Гана играше 65 пати.