Поврзи се

Македонија

Тендерска манија пред избори – ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Анѓушев добил тендер од Шекеринска

Published

on

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев само два дена пред да ја напушти Владата на Зоран Заев негова фирма добила тендер вреден 1 милион и 600 илјади евра од Армијата.

„На 30 декември 2019 година, само два дена пред Анѓушев и официјално да замине од Владата, Шекеринска склучува договор за јавна набавка со ЕНЕРЏИ ДЕЛИВЕРИ СОЛУШНС, односно ЕДС кое е во врска со Кочо Анѓушев.  Шекеринска ја одбрала фирмата меѓу 4 понуди, како се наведува заради најниската понудена цена. Симптоматично е како и зошто во очи на официјална изборна кампања Шекеринска доделува тендер од 1,6 милиони евра на компанија блиска до Анѓушев?“, истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Текстот продолжува по рекламата-

Министерката Шекеринска реагираше преку „Фејсбук“. Напиша дека таа фирма не е во сопственост на Анѓушев, што можело да се потврди и преку Централен регистар.

„Согласно законските обврски Министерството за одбрана спроведе јавна набавка за снабдување со електрична енергија. На огласот се јавија четири фирми кои учествуваа на електронска аукција во која значително се намали цената. Од првичните понуди кои изнесуваа помеѓу 95 и 116 милиони денари, поради конкуренцијата цената се намали на 77,7 милиони денари. Тоа значи околу 18 милиони денари помалку од првичната најниска понуда“, посочи Радмила Шекеринска, Министерка за одбрана.

Тврдењата на опозициската партија ги демантираа и од министерството за одбрана.

„Откако ВМРО-ДПМНЕ си нарача текст во своите портали, и откако содржината на тој текст беше целосно демантирана со факти, денес излегоа на прес-конференција и тврдењето дека Министерството за одбрана склучило договор за набавка на електрична енергија со „фирма на екс-вицепремиерот Кочо Анѓушев“, молскавично го преформулираа во „фирма блиска“ до Анѓушев. Притоа користат и зборови „фирма“ со која екс-вицепремиерот „има врска““, пишуваат од Министерството за одбрана.

Фирмата која опозициската ВМРО-ДПМНЕ и министерката Шекеринска ја споменуваат тендери добивала и во времето на претходната Влада. Во 2019 година во ТОП20 фирми кои ги добиле најголемите тендери се наоѓа токму и оваа фирма. Добила тендер од АД МЕПСО за набавка на електрична енергија за сопствени потреби вреден 424,235 евра.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Реакција на генералниот секретар на Илинденскиот марш за инцидентот кај Гумење

Македонија

СДСМ-ДУИ, прва опција за нова Влада!? Божиновски: Проширена коалиција меѓу сите политички субјекти

Македонија

Учениците од септември се враќаат во клупите, со маски на лицата и социјална дистанца, часот ќе трае 20 минути

Македонија

Што ќе се случува во следните месеци со коронавирусот? – „Имаме две сценарија“, одговара Караџовски

Македонија

Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче? Неделков од СОНК: Вирусот е како атомска бомба за училиштето

Македонија

Акција на ИНТЕРПОЛ: Обид за внес на отровна храна во Македонија – запленето пилешко месо со птичји грип

Македонија

Владата објави нов, ажуриран список на компании кои добиле помош, а не ја исплатиле на работниците

Македонија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ да молчат за енергетиката, во нивно време струјата поскапе 100% и беше укината евтината тарифа

Македонија

Кадриу: „Премиерот нѐ нарече криминалци“ – Спасовски ги отфрли тврдењата на обвинителката

Македонија

Мијалков до Мицкоски: Состави Влада во судиско продолжение или ќе треба да понесеш одговорност

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри