Ескалација на тензиите меѓу Косово и Србија синоќа. Етничките Срби ги блокираа патиштата што водат кон границата на Косово со Србија во знак на протест против одлуките на владата во Приштина.
https://twitter.com/TpyxaNews/status/1553818720887242756
Тоа беше испровоцирано од одлуката на косовската влада нивните лични документи и регистарски таблички на автомобили издадени од српските власти да се заменат со оние што ги издаваат косовските власти.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера му се обрати на српскиот народ и рече дека ситуацијата на Косово „никогаш не била толку комплицирана“ за Србија и за Србите кои живеат таму. Доцна синоќа одлуката беше одложена за еден месец.
„Се што можам да кажам е дека ќе сакаме мир и ќе бараме мир. Но, директно да ви кажам: нема да се предадеме и Србија ќе победи. Ако се осмелат да ги прогонуваат Србите, да ги малтретираат Србите, да убиваат Срби – Србија ќе победи. Тоа е се што имам да кажам“, рече Вучиќ.