Товарен и патнички воз се судрија во околината на Новска, во близина на градот Раиќ. Несреќата се случила околу 21 часот и 30 минути.
Според првите информации има повеќе загинати и повредени.
Министерот за здравство Вили Берош, кој заедно со премиерот Андреј Пленковиќ вечерва се е на пат кон местото каде што се судрија возовите недалеку од Новска, изјави дека има повеќе загинати и повредени, кои се префрлени во болниците во Нова Градишка и Сисак.
Полицијата извести дека околу 21 часот и 30 минути при судар на патнички во запрен товарен воз кај Рајиќ кај Новска, поголем број патници се повредени, а на нив им помогнале сите служби за итна помош испратени на лице место по пријавувањето на несреќата.
Неофицијално, соопштено е дека загинале машиновозачот и кондуктерот. Според последните информации загинале најмалку шест лица.
Како што дознаваме, возот се движел со 100 км/ч кога налетал на расипаниот воз.