Тешка сообраќајка на патот Штип-Карбинци – едно лице загина, друго повредено!

Тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип Карбинци во која загина 36-годишен маж од село Карбинци.

Од СВР Штип велат дека вчера околу 23:50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Карбинци, на влез во село Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот  В.Л. од село Карбинци, излетал од патот и удрило во бетонски столб.

Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното