Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Миладиновци – две жртви меѓу кои 15 годишно девојче

Тешка сообраќајка несреќа на автопатот Штип – Миладиновци кај Три чешми, дознава 4NEWS.mk

Според првичните информации, починати се две лица, меѓу кои и 15-годишно девојче. Патот моментално е затворен за сообраќај. На терен се брза помош и пожарна.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, за МИА потврдува дека станува збор за несреќа во која животите на самото место ги загубили 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Повредени има и тоа со тешки телесни повреди, нивниот број се уште не се знае, а од страна на екипите на Брзата помош се транспортирани во штипската Клиничка болница.

„Глетката е страшна. Сега не пренасочуваат по стариот пат. Препорачувам да не се доближувате до местото на несреќата“, рече еден читател кој до нашата редакција испрати и видео но поради сензитивноста на материјалот истиот 4NEWS.mk нема да го објави.

Причините за несреќата во моментов се непознати. Во моментов во тек е увид од страна на истражните органи. 

Ова е втора сообраќајна несреќа со смрти последници за една недела. Во понеделникот на лице место починал 62 годишен возач од Велес кој управувал со пикат со скопски регистарски ознаки.

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани (ВИДЕО)