Тик ток престана да работи во Америка

ТИКТОК ПРЕСТАНА ДА РАБОТИ ВО АМЕРИКА! Сега се е во рацете на Трамп, од него зависи дали популарната мрежа ќе се врати

Апликацијата е затворена за американските корисници доцна во саботата пред забраната на социјалната мрежа во Америка да стапи на сила денес. Инаку, „ ТикТок “ исчезна од продавниците за апликации на Apple и Google, објави Ројтерс.

– Предлог-законот за забрана на TikTok е усвоен во САД. За жал, тоа значи дека засега не можете да користите TikTok. Среќни сме што новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп , посочи дека ќе работи со нас на решение за обновување на TikTok кога ќе ја преземе функцијата – се наведува во пораката на апликацијата.

Апликацијата „TikTok“ синоќа објави дека ќе ја прекине работата во САД доколку администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден не обезбеди гаранции за компаниите како Apple и Google дека нема да се соочат со правни последици кога забраната стапи на сила. Белата куќа ја отфрли најавата на TikTok доцна во петокот како „трик“, повторувајќи во саботата дека е на претстојната администрација на Доналд Трамп да преземе акција.

– Не гледаме причина TikTok или други компании да преземат акција во следните неколку дена пред администрацијата на Трамп да стапи на должност во понеделник – рече портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер во соопштението, додавајќи дека „акциите за спроведување на овој закон ќе бидат во следната администрација“.

TikTok претходно во саботата објави дека ќе биде принуден да ги прекине сите активности во САД доколку не добие јасна изјава од Белата куќа за нејзината иднина . Соопштението дојде откако Врховниот суд на САД во петокот го потврди законот со кој се забранува TikTok во САД, освен ако платформата не ги прекине врските со својата кинеска матична компанија Bytdance до недела, објави телевизијата ABC.

Американската администрација во петокот соопшти дека нема да ја спроведе потенцијалната забрана веднаш по истекот на рокот, оставајќи го спроведувањето на законот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата во понеделник. Трамп, кој се спротивстави на забраната на TikTok, рече дека ќе се обиде да ја поништи одлуката.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното