Новинар: Веќе има поплави од производителите дека се уценувани од големите ланци на маркети, конкретно знам за два маркети кои што се обидуваат да го изиграат законот за нефер трговски практики кој стапи на сила овој месец. Им се даваат договори со 10% маржа, но потоа им се нудат специјални договори, дел се и усни, каде маржата се зголемува и до 45%.
Премиер: Апсолутно ако тоа се случува е кривично дело и второ ве молам кажете ги кои се тие двајца за кои имате информации.
Новинар: Јавно?
Премиер: Тогаш сокривате кривично дело ако не ги кажете.
Новинар: Ќе ви ги кажам кога ќе заврши прес конференцијата
Премиер: Не, ќе ги кажете пред органите кои се задолжени за тоа, јас мислев јавноста да знае, бидејќи вие ги споменавте, но ќе ве повикаат органите и ќе ги кажете.
Премиер: Не ве слушнав простете…Тинекс и Веро. Во ред. Еве јас од овој момент кога ќе ја напуштам оваа прес конференција ќе се обратам до соодветните институции веднаш да преземат мерки.
Претходно премиерот запрашат за најавите на бојкот за петок рече:
„Јас имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизниси и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити, институциите и пазарниот инспекторат ја следат состојбата и навремено реагираат.