Поради проблеми со синџирот на снабдување, недостиг на чипови и пандемијата на Ковид-19, јапонскиот производител на моторни возила „Тојота“ соопшти дека следниот месец ќе го прекине производството во пет фабрики во Јапонија
Од таму додаваат дека суспензијата ќе го наруши производството на околу 20.000 возила, но нема да влијае на планираната годишна цел од девет милиони возила.
„Тојота“ минатата недела соопшти дека предвидува поголем пад на производството на возила во Северна Америка во јануари, на 50.000 единици, поради проблеми со синџирот на снабдување.
Проблеми во синџирот на снабдување зафатија многу производители на автомобили низ светот, а особено снабдувањето со чипови и други електронски компоненти.