Токио: Рекорден број заразени со коронавирус во текот на Олимписките игри

Токио вчера го пријави својот најголем број на заразени со коронавирусот во текот на едно деноноќие.

Се работи за рекордни 2.848 случаи од почетокот на пандемијата.

Бројката е регистрирана само неколку денови откако јапонската престолнина на 23 јули официјално стана домаќин на Летните олимписки игри.

Во Токио на сила се вонредни епидемиолошки мерки, додека пак Олимпијадата се одржува без присуство на гледачи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното