Томовски: Одлука за секој настрадан да биде исплатена сума од 150.000 денари како итна финансиска помош

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски порача дека за секој настрадан во пожарот во Кочани ќе биде доделена итна финансиска помош.

Истата ќе биде во износ од 150 илјади денари и ќе се реализира преку Црвениот крст. 

„Свесни сме дека оваа трагедија носи и неочекувани финансиски тешкотии. Затоа, како институција вклучена во овој процес, донесовме одлука за секој настрадан да биде исплатена сума од 150.000 денари како итна финансиска помош за покривање на почетните секојдневни трошоци. Оваа помош ќе се реализира преку Црвениот крст на Република Македонија“, рече Томовски.  

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното