Топлотен бран во Саудиска Арабија – во Мека измерени над 50 степени!

Топлотем бран ја погоди Саудиска Арабија.

Од таму денеска предупредуваат за екстремно високи температури во Мека, каде температурите се движат над 50 степени.

Потврдени се повеќе од десетина смртни случаи поврзани со жештините за време на годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот.

Само вчера имало повеќе од 2.700 случаи со „исцрпеност поради жештина“, објави саудиското Министерство за здравство.

Температурите во Мека денеска, каде што аџиите го завршуваат хаџот, треба да се достигнат 49 степени Целзиусови.

„Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на хаџот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на Сонце“, соопшти Министерството, а пренесува државната телевизија.

Саудиската метеоролошка служба објави на платформата „Икс“ дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени.

Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека поради сончаница предизвикана од екстремна жештина починале 14 јордански аџии, а 17 се водат како исчезнати. 

Техеран соопшти дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца сенегалски аџии.

Аџилакот годинава собра речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони од странство, објавија саудиските власти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното