Тошковски: Обдукцијата е завршена, сите жртви идентификувани, 196 повредени во пожарот во Кочани

На денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска изјави дека обдукцијата е завршена, а сите починати лица се идентификувани.

„Повредени се 196 лица, од кои 20 деца. Во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болници, а 80 во странство и тоа Србија, Бугарија, Австрија, Хрватска, Турција, Грција, Унгарија и Бугарија“, вели Тошковски.

Кажа дека досега се приведени 18 луѓе, а задржани се 16 лица, од кои што последното задржано лице се товари за тешки дела против општата сигурност, истото е потписник на основен проект за издавање на кабаре-клуб, еден од документите за да биде ставен во функција кабаре – клуб.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното