Тошковски: Приведени 15 лица за трагедијата во Кочани – клубот работел со фалсификувана лиценца!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција објави нови детали по трагедијата во Кочани.

Како што кажа, има осомничено, но и приведени.

„Има осомничено дваесетина лица, од кои околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените се починати, согласно сомненијата кои ги имаме досега од аспект на осомничени, дел се во болниците. Четири лица се обезбедени во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека, и управител на правното лице кое што ја менаџирал дискотеката“, вели Тошковски.

Тој додава дека приведени се лица кои имаат директна вина во овој кривично-правен настан.

„Приведено е едно лице кое што е организатор на настанот, и за кое што имаме сомнение дека имаме дека директно влијаел врз тоа да се случи трагедијата. Приведен е поранешен државен секретар на министерството за економија, поранешен директор на еден сектор на министерството за економоија, поранешен директор за дирекција за заштита и спасување, и тројца вработени во дирекцијата. Приведени кои се во Кочани се луѓе кои биле организатори, дел биле вклучен во рамки на обезбедување, дел во други активности. Разговори од страна на полициските службеници, е извршен со над 25 лица досега, и се продолжува со собирање на докази“, вели Тошковски.

Како што додава, легална лиценца за работа оваа фирма нема.

„Не би сакал да откривам повеќе детали, но сакам да кажам дека и оваа лиценца, како и многу други работи во Македонија во минатото е поврзана со мито и корупција. Да и напоменам на македонската јавност дека за разлика од претходно, во овој случај ќе имаат име и презиме оние кои се директно вклучени во нелегалното издавање на лиценци, и ќе одговараат“, додаде Тошковски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното