Двајца работници загинаа, а најмалку еден е повреден кога се урна бетонски блок на вијадуктот на автопатот Северна Мармара во местото Гезбе, во северозападниот турски град Коцаели.
На местото на несреќата пристигнаа бројни екипи на турската агенција за вонредни ситуации АФАД, како и екипи на пожарникари и Итна помош.
Станува збор за вијадуктот кој се гради на трасата на автопатот кој преку мостот „Јавуз Султан Селим“ ќе ги спојува европскиот и азискиот дел на Истанбул.
Извор: Сител