ТРАГЕДИЈА НА ХИМАЛАИТЕ: Две Американки кои се тркаа да ги искачат сите врвови над 8.000 метри настрадаа во лавини во Тибет

Драматична спасувачка операција е во тек на врвот Шишапангма во Тибет, откако две големи лавини затрупаа повеќе алпинисти, при што најмалку две лица загинаа, а две се водат како исчезнати. Меѓу настраданите се две американски алпинистки кои биле ривалки во трката да станат првата Американка што ги искачила сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри.

Според грчкиот портал „in.gr“, кој се повикува на извештаите од терен, потврдена е смртта на американската алпинистка Ана Гуту и нејзиниот водич, шерпас од Непал. Во исто време, се трага по другата американска алпинистка, Џина Мари Рзуцидло, и нејзиниот водич, кои се водат како исчезнати.

Иронично, Шишапангма, 14-тиот највисок врв во светот, требало да биде последен во колекцијата и за двете Американки во нивниот обид да го постигнат историскиот подвиг.

Двете кобни лавини, предизвикани од снежна бура, ги погодиле алпинистите на висина од околу 7.800 метри додека се обидувале да стигнат до врвот. Во несреќата биле повредени и други алпинисти, кои се спасени.

Спасувачката операција е во тек, но е значително отежната поради лошите временски услови, а надежите за пронаоѓање на двајцата исчезнати живи се мали.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.