Трагедија во Кочани: Пожар во дискотека „Пулс“, стравувања за голем број жртви

Кочани ноќеска беше потресен од катастрофален пожар кој избувна за време на концертот на групата „ДНК“ во дискотеката „Pulse“. Според информациите што ги доби Радио Кочани од лице место, бројот на повредени е огромен, а меѓу нив има и жртви. Пожарот избувнал околу 3 часот по полноќ и сеуште не е целосно изгаснат.

Возилата на противпожарната единица, Итната медицинска помош и полицијата не беа доволни за да се справат со настанатата ситуација. Очевидци сведочат за вистински хорор – повредените лежат на улиците, додека цивилни возила од сите страни доаѓаат за да помогнат во пренесувањето на настраданите кон Општата болница во Кочани.

Во моментов, владее тотален хаос. Радио Кочани објави вознемирувачки видеа од местото на трагедијата, а јавноста со загриженост ја следи ситуацијата. Повеќе информации и детали ќе бидат објавени во текот на денот. До тогаш, останува надежта дека ќе има што помалку жртви и што повеќе спасени животи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното