Трајко Славески: Дај боже Арсовска да е човек на Груевски!

Претседателот на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во интервју за „Фокус“ се осврна и на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски.

Во еден од одговорите околу тоа дали градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е човек на Груевски, тој вели „Дај боже да е така“.

„Дај боже да е така. Пред неколку години, поточно 2017 година во првиот состав на Извршниот комитет на партијата по конгресот во Валандово јас влегов по покана на претседателот Мицкоски“, вели Славески.

На прашањето за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ сè уште го носи товарот на Груевски, тој вели дека не поминало доволно време.

„Мислам дека во добар дел од тој товар партијата е ослободена. Почнувајќи од луѓето, па сè до однесувањето. Сите оние шпекулации дека некој управува од некој центар со партијата не се точни“, додава Славески.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното