Американскиот претседател Доналд Трамп го оцени денешното апсење на Ендру Маунтбатен-Виндзор како многу лошо за британското кралско семејство.
„Мислам дека е штета, многу тажно. Мислам дека е многу лошо за кралското семејство. За мене, тоа е многу тажно“, рече Трамп, пренесува CNN.
На прашањето на новинарите дали ќе има слични апсења по објавувањето на документите на починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн во Соединетите Американски Држави, Трамп не одговори директно, велејќи дека е „ослободен од сета вина“ кога станува збор за Епштајн.
