Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил воздушни напади против ИСИС во Сомалија, во кои беа убиени голем број терористи.
– Овие убијци, кои ги најдовме како се кријат во пештери, им се заканија на САД и нашите сојузници – објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Тој наведе дека во нападите се убиени голем број терористи, како и дека на ниту еден начин нема повредени цивили, пренесе Би-Би-Си.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет рече дека нападите врз ИСИС во Сомалија дополнително ја деградирале способноста на групата да планира и изведува терористички напади.