Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крај на војната.
Тој по двочасовниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, вели дека истиот поминал многу добро.
„Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, и што е поважно – за КРАЈ на војната. Условите за ова ќе бидат договорени меѓу двете страни, бидејќи тоа е единствениот начин да биде – тие ги знаат деталите од преговорите што никој друг не би можел да ги знае. Тонот и духот на разговорот беа одлични. Да не го стореа тоа, ќе го кажев сега, а не подоцна. Русија сака обемна ТРГОВИЈА со Соединетите Американски Држави кога ќе заврши ова катастрофално „крвопролевање“, и јас се согласувам со тоа. Постои огромна можност Русија да создаде огромен број работни места и богатство. Нејзиниот потенцијал е НЕОГРАНИЧЕН. Исто така, Украина може да биде голем победник во трговијата, за време на реконструкцијата на својата земја“, вели Трамп.
Според него, преговорите меѓу Русија и Украина ќе започнат веднаш.
„Ги информирав претседателот Володимир Зеленски од Украина, Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Џорџо Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и финскиот претседател Александар Стуб за ова – сите тие разговараа со мене веднаш по мојот разговор со претседателот Путин. Ватикан, претставуван од Папата, изрази голем интерес да биде домаќин на разговорите. Нека започне процесот!“, напиша Трамп на Твитер.