Трамп сфати дека згрешил?!: Објавува крај на трговската војна со Кина

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, сигнализираше можност за прекин на трговскиот конфликт со Кина, најавувајќи дека нема да има натамошни зголемувања на царините за кинески стоки, па дури и навести можност за нивно намалување.

„Во одреден момент, луѓето едноставно престануваат да купуваат“, рече Трамп, објаснувајќи зошто не сака дополнително да ги зголемува тарифите.

Иако сè уште конкретно не одлучил кој ќе биде неговиот следен потег, американскиот лидер отворено кажа дека размислува за олабавување на сегашните мерки.

„Можеби нема да одам понатаму со зголемувањата, а исто така е можно да се свртиме кон намалување на тарифите – луѓето сакаат да трошат, но не го прават тоа во моментов“, рече тој.

Трамп потврди дека е во контакт со кинескиот претседател Си Џинпинг, но не навлезе во детали од нивниот разговор.

Во контекст на трговските односи, тој се осврна и на популарната апликација TikTok, која Вашингтон сака да ја забрани доколку кинеската компанија ByteDance не се согласи на продажба.

„Имаме можен договор за продажба на TikTok, но чекаме одобрение од Пекинг, па ќе ја одложиме таа одлука додека не се разјасни ситуацијата“, додаде тој.

Потсетиме дека во моментов, кинеските производи кои влегуваат во САД подлежат на царини до 145 проценти, додека кинеските власти применуваат царини од 125 проценти за американските стоки.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното