Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети Калифорнија, односно местото кое беше погодено од најсмртоносниот шумски пожар во историјата на државата. Огнот, во северна Калифорнија усмрти најмалку 76 луѓе, а повеќе од 1.200 се исчезнати.
Трамп ја оцени сцената како тажна за гледање и го преиспита свето спорно тврдење дека виновно е лошто стопанисување со шумите. Пожарникарите се соочуваат со неколку поажри и во близина на Лос Анџелес, каде досега загинаа тројца луѓе.
Трамп го посети и градот Парадајз, при што истакна дека вложени се сите напори за пронаоѓање на преживеани лица, преку локално спроведување на законот, во што помагаат сите политичари и спасувачките тимови. Според него, најпрво треба да им се помогне на оние кои се најлошо повредени и најзасегнати од ужасните пожари.