Тренерот не им давал вода, а ни слободни денови – управата брзо му ја покажала вратата!

Некогашниот играч на големите клубови Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Габриел Хајнце доби отказ од местото тренер поради методите кои ги применувал на играчите, пишуваат американските медиуми.

Тој веќе седум месеци го предводел тимот на Атланта Јунајтед од каде по брза постапка бил разрешен од функцијата од страна на управата.

Како причина за разрешувањето тие пишуваат дека Хајнце бил многу суров кон играчите, што им ограничувал количина на вода за време на тренинзите, па поради тоа често барале лекарска помош.

Исто така тој секогаш барал играчите да му бидат достапни, за да ги повика во тренинг-центарот кога ќе посака, а ретко кога им давал и слободен ден.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното