Многумина кои вежбаат размислуваат за самото тело, но често забораваат на еден исклучително важен мускул – срцето.
Во продолжение три стила на вежбање кои го одржуваат срцето здраво:
- Кардиоваскуларниот (аеробен) тренинг
Го зголемува протокот на крв и кислород. Во исто време, го активира лачењето азотен оксид, кој ги проширува крвните садови. Тоа значително влијае на циркулацијата. Освен тоа, редовната кардиоваскуларна вежба го намалува нивото на холестерол и го регулира шеќерот.
Како резултат на сѐ тоа, се врши помал притисок врз артериите, што исто така, значи помала можност за проблеми со срцето.
- Вежби за истегнување
Го намалуваат задебелување на ѕидовите на артеријата. Зголемувањето на флексибилноста пак, ги релаксира мускулите и зглобовите и ја ублажува напнатоста, подобрувајќи го протокот на крвта. Јогата може да помогне во стимулирањето на парасимпатичкиот нервен систем. Со помош на јога, телото се опушта, односно има намалено ниво на кортизол (хормон на стрес).
- Статичкото и динамично истегнување
Се корисни вежби за срце што треба да ги вклучите во фитнес-програмата и дневната рутина, а истегнувањето затегнати мускули и тетиви помага да се прошират артериите, намалувајќи го крвниот притисок и воспаленијата.