Тројца мртви во Прилеп, убиецот пукал кон полицијата, фрлил бомба па се самоубил

Прилеп е во шок по вчерашната трагедија во една од градските населби, каде што заложничка драма заврши со тројца загинати. Според првичните информации од медиумите и сведоци на настанот, вујко најпрво го убил својот малолетен внук и неговиот татко – инаку зет на напаѓачот – во семејната куќа.

Во текот на нападот, убиецот фрлил експлозивна направа и отворил оган кон полициските екипи кои се обидувале да ја стават ситуацијата под контрола. Трагедијата кулминирала нешто по полноќ, кога осомничениот си го одзел животот.

Од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство се уште нема официјални детали за мотивите и причините кои довеле до двојното убиство и самоубиството. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.