Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани против три лица од Струмица – Г.А. (37), Б.Ч. (23) и Р.Ѓ. (60) – поради основано сомнение за сторено кривично дело „грабнување“ по член 144 став 1 од Кривичниот законик.
Тројцата осомничени биле приведени на 6 април 2025 година, околу 14:40 часот во беровско село, откако, според пријавата, со употреба на сила ја однеле 32-годишната вонбрачна сопруга на синот на Д.В. (59) од Делчево, од нејзиниот семеен дом. За грабнувањето го користеле патничко возило марка „Ауди“ со струмички регистарски ознаки.
На 7 април осомничените беа изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Кочани. По изнесените докази и образложението на обвинителството, на Р.Ѓ. ѝ беше изречена мерка домашен притвор, додека Г.А. и Б.Ч. добија мерка притвор во траење од 30 дена.
Случајот останува под истрага, а надлежните институции работат на целосно расветлување на мотивите и околностите поврзани со настанот.