Индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, забележа пораст од 4.9%, додека индексот на цените на мало се зголеми за 5.2%, информира Државниот завод за статистика.
На месечно ниво, инфлацијата во јануари 2025 година, во споредба со декември 2024 година, изнесува 0.2%. Ова зголемување е резултат на повисоките трошоци за разновидни стоки и услуги (1.6%), мебел и покуќнина (1.5%), како и зголемени цени во секторите на ресторани и хотели (0.7%), храна и безалкохолни пијалаци, алкохол, тутун и рекреација (по 0.1%).
Од друга страна, намалување на цените е забележано во секторите транспорт (-0.9%), комуникации (-0.4%) и облека и обувки (-0.2%).
Трошоците во категориите домување, вода, електрика, гас и други горива, здравство и образование останале непроменети во однос на претходниот месец.
Индексот на цените на мало во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, забележа пад од 0.4%.