Свет

Цените на нафтата растат

Цените на нафтата растат

Цените на нафтата денеска пораснаа поради надежите за поголема побарувачка откако американскиот долар ослабна и новиот извештај покажа пад на резервите на сурова нафта и бензин во САД. Во исто време, податоците за инфлацијата што се очекуваат подоцна денеска може да дадат пооптимистичка слика за економијата, информира БТА, повикувајќи се на Ројтерс.

Европскиот репер Бернт порасна за 50 центи, или 0,6 отсто, на 82,88 долари за барел.

Американската лесна сурова нафта додаде 52 центи, или 0,7 отсто, на 78,54 долари за барел.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни