Цреша – едно од најуникатните и најкорисните овошја

Црешата е едно од најуникатните и најкорисните овошја, со повеќе свои корисни својства, дури и кога се конзервирани, тврдат нутриционистите во „Вомен’с хелт“ (Women’s Health)

Проценката е дека една просечна чаша со цреши содржи 1,5 грама протеини, три грама растителни влакна и огромна количина витамини и хранливи материи.

Овие плодови не само што подмладуваат, туку и го подобруваат спиењето.

Во продолжение дел од придобивките на црешата:

  • Црешата може да спречи брчки

Богата е со витамин Ц (10 милиграми на чаша), како и други антиоксиданти кои го потиснуваат воспалението и оксидативниот стрес во организмот.

  • Ова овошје помага и во намалување на можноста од рак

Црешите содржат полифеноли – корисни соединенија кои имаат антиканцерогено дејство. Ако некое лице е изложено на опасност од одредени видови рак, велат стручњаците, против тоа треба се бори со антиоксиданти како фенолните соединенија, бидејќи тие се борат против слободните радикали кои ги оштетуваат клетките.

  • Друго корисно својство на црешата е намалување на крвниот притисок, што може да одврати срцев или мозочен удар.
  • Црешите го спречуваат забавувањето на умствените функции

Благодарение на антоцијанините – полифенолните антиоксиданти кои им ја даваат онаа продорна црвена боја, овошјето ја подобрува работата на мозокот и помнењето.

  • Може да го намали ризикот од срцев удар, што е поттикнато од хронично воспаление и плаки во крвните садови.

Тие го намалуваат протокот на крв и ги затнуваат и окрутуваат артериите. Антиоксидантите во овошјето ги опуштаат крвните садови, ги намалуваат воспалението и притисокот и ги штитат крвните садови од нови плаки.

  • Ова овошје помага во борбата и против дијабетес тип 2

Полифенолите во црешата ја подобруваат чувствителноста на инсулин, така што глукозата се апсорбира во клетките и се претвора во енергија.

  • Црешите им помагаат на луѓето да спијат подобро

Тие се богати со мелатонин – хормонот кој го регулира циклусот на спиење-будење.