Партијата ВМРО-ДПМНЕ додека била на власт, ги ставила во нејзината служба дипломатските претставништва и црквите од дијаспората за парламентарните избори од 2011 година. Ова е откриено откако во судницата беа читани СМС пораки од комуникацијата помеѓу Миле Јанакиески и Мартин Протоѓер. На денешното рочиште за Титаник исто така излегоа на виделина злоупотребите на партијата на Никола Груевски направени не само во Македонија, туку насекаде каде што има македонски државјани. Во СМС пораките испратени на 27 април 2011 околу 19ч, меѓу другото се вели:
МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ И МАРТИН ПРОТОЃЕР:
„Бројката за пријавени за гласање во дијаспората е катастрофа. Времето е кратко, сè што треба да направиме е да ги земеме адресите од иселениците од амбасадата или црквата“.
Според пораките кои ги презентираше обвинителката Лиле Стефанова, за гласачите од дијаспората лично се погрижил и тогашниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, кој од Њу Џерси, САД, директно го информирал Јанакиески за преземените мерки.
АНТОНИО МИЛОШОСКИ И МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ:
Бев со иселениците во ‘Св. Кирил и Методиј’ во Њу Џерси, поделивме околу 800 барања за гласачи. Конзулатот ќе работи и викендов, се очекува да има повеќе пријави.
И пораките меѓу екс министерката Гордана Јанкулоска и вториот обвинет Васил Пишев, покажуваат дека екс директорот на БЈБ, Митко Чавков побарал поддршка на терен во Струмица за денот на локалните избори во 2013.
ВАСИЛ ПИШЕВ И ГОРДАНА ЈАНКУЛОВСКА:
Прати ми ги како логистика Митко Чавков во Струмица и Далина Наќева Потурак. Добро го разбираат теренот. Баш сега сакав да му вртам на Чавков. Во Струмица мора да ги смачкаме.
Јанкулоска преку пораки вели дека секогаш има толеранција и може да ослободи вработени во МВР за изборната кампања, откривајќи дека неколку вработени во полиција околу еден месец не одат на работа и никој не им прави проблем. Во Титаник обвинети се екс премиерот Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковска и други. Тие се сомничат за криминално здружување, кршење на гласачкото право, кршењето на слободата на избор на гласачите, поткуп на изборите и гласањето, уништување изборен материјал и злоупотреба на фондови за финансирање на изборна кампања.
РЕПОРТЕР: АДНАН ЌАИЛИ
