Туристи платиле 402 евра за вечера на Хвар: „Што ако бевме гладни“

Цените се „жешка тема“ на Јадранот годинава. Многумина зборуваат за високите цени на сместувањето, храната во продавниците и маркетите, но и во рестораните низ Јадранот. Овој пат турист од Њујорк се пожали на цената.

Блогерката Теона Манго кон крајот на мај ја посети Хрватска, а на патувањето застана на Хвар, Корчула и Дубровник. Заедно со бројните чудесни фотографии и видеа на кои зборува за убавината на морето и квалитетот на сместувањето и љубезноста на домаќините, таа ја истакна и цената на една вечера која ја шокираше.

„Ова се случува кога ќе ја прифатите препораката на келнерот за мезе и главно јадење. Не праша и колку сме гладни, а ние рековме дека не сме премногу гладни. Се прашувам колку ќе беше сметката да кажевме дека сме гладни“, напиша таа покрај фотографиите од сметките објавени на Инстаграм на кои се гледа вкупна сума од 402,42 евра, пишува Вечерњи лист.

Сметката покажува дека Теона и нејзиното друштво јаделе пржени лигњи, црно рижото, сипа, супа од риба, „капетански пјат“, пиеле вино и минерална вода. Поставување на маса, каверт е вклучено во цената.

Таа истакна дека храната е одлична, а со своите следбеници го сподели изгледот на оброкот и објасни какви се јадењата. „Градот е прекрасен. А Јадранското море е прекрасно сино“, напиша таа за својот впечаток.

Инаку, Теона ја посети Грција пред да дојде во Хрватска, а потоа замина во Црна Гора. Своите впечатоци и важни информации ги споделува со своите следбеници, а на Инстаграм ја следат речиси 20.000 луѓе.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното