28-годишниот С.Д. од Неготино е лишен од слобода откако ноќеска околу 4 часот и 20 минути, на локалниот пат кон село Курија, украл возило и управувал под дејство на алкохол.
Според информациите од МВР, С.Д. украл патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, сопственост на Л.И. (28) од Неготино. Возилото било паркирано пред семејниот дом на сопственикот. Кратко по кражбата, осомничениот изгубил контрола и излетал од коловозот.
Полицијата го привела на лице место, а алкотестот покажал 0.72 промили алкохол во крвта. С.Д. е задржан во полициската станица во Неготино, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.