Уапсен Алил Демири, обвинет за петкратното убиство кај Смилковско езеро!

Министерството за внатрешни работи на Македонија соопшти дека полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро.

Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.

Алил Демири е роден 1985 год во Скопје, и македонската полиција го бара врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје I, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон на Република Македонија, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро. На истиот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ се обвинети за тероризам и за нив обвинителството имаше побара доживотен затвор на последното судско рочиште.

БЕА УАПСЕНИ И ВО 2013 ГОДИНА, НО НЕ И ЕКСТРАДИРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА

Косовската полиција на 3-ти март 2013 година околу 19 часот соопшти дека ги уапсила Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, прво и третообвинетиот за петкратното убиство што се случи кај Смилковското eзеро.

Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро.

За време на судскот процес беше утврдено дека ДНК трагата што е пронајдена во црвеното возило „Опел омега“ се поклопува со ДНК на првообвинетиот Демири.

За лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година. На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.

Случајот „Монструм“, поточно петкратното убиство кај Смиљковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, кога беа убени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски. Двајцата осудени од стартот беа недосатапни, поради што им се судеше во отсуство.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното