Утрово е уапсен поранешниот прв вицепремиер во владата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби.
Според информациите, тој е приведен на граничниот премин Блаце.
– Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, соопшти МВР.
Се работи за проневера во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.
