Уапсен директор на скопска болница, земал мито 20.000 евра

Директор на здравствената установа е уапсен пораади сомнение дека примил поткуп. ТВ21 дознава дека станува збор за директорот на специјализирана болница за Геријатриска и палијативна медицина Скопје, Мухсин Арифи.

Тој заедно со посредник, барале и примиле поткуп во износ од 20.000 евра за болно и неподвижно лице да биде сместено во геријатриска установа.

Од обвинителството ја потврдија оваа информација, без притоа да го откријат идентитетот.

„Во координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи приведени се две лица под сомнение за кривични дела примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Се постапува за целосно расчистување за настанот“, велат од ОЈО за ТВ21.

Арифи беше назначен за директор во јуни 2023 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното