Денеска (04.03.2025) во 15.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “пежо” со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило “мерцедес” со регистарски таблички од Р.Словенија, управувано од А.А. (19) од с. Градец.
На местото на настанот починала Д.М. (81) од Охрид, сопатничка во возилото “пежо”, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гостивар.
Со тешки телесни повреди се здобиле В.В. (47) и С.В. (69) од Охрид, сопатници во возилото “пежо”, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба возачот А.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.