Уапсен Горан Стојков – поранешен командант на „Лавови“

Полицијата го уапси Горан Стојков, поранешниот командант на „Лавови“, како и македонски бранител. Тој се гонел за злоупотреба на службената положба и овластување и имал едногодишна затворска казна. Стојков е спроведен во затвор, објавија повеќе медиуми.

„На 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на бензинска пумпа на бул.”Србија” во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а со адреса на живеење во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен Суд-Скопје 1 вв чл.353 ст.3 од КЗ на РСМ, за казна затвор од една година. Лицето е предадено во КПУ Затвор Скопје-Скопје за издржување на казната.

Тој беше пуштен од затвор во 2016 година откако ја одлежа затворската казна за „Шпион“.

Горан Стојков е македонски бранител и поранешен командант на расформираната Единица за брза интервенција „Лавови“. Стојков е роден 1970 година во Струмица. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 1998 година му почнува метеорската кариера во МВР. Во МВР засновал работен однос во февруари 2000 година, а во април 2001 година се здобил со чин мајор и бил унапреден во чин потполковник, за по кратко време, вонредно да биде унапреден во чин генерал мајор. Брзото напредување се должеше пред сè на тоа што Стојков за време на конфликтот и по тоа беше Командант на единицата за брзи интервенции „Лавови“. Во текот на војната 2001 година беше на терен во сите воени жаришта во тетовско, кумановско и на Скопска Црна Гора. Од функцијата си поднесе оставка кон крајот на 2002 година, поради како што рече тогаш, усно добиената наредба за намалување на бројот на Лавовите.

Поврзани вести

Најважното