Попладнево е уапсен Раде Трајковски – Штекли.
„Во полициска акција лицето за кое прашувате по Наредба на ОЈО за ГОКК е лишено од слобода“, велат од МВР.
Трајковски се сомничи за трговија со дрога, односно предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.
Раде Трајковски – Штекли стана познат во јавноста по неговото поврзување со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев во 2017 година. Иако медиумите го споменаа во контекст на настанот, никогаш не беше обвинет.
Во 2021 година беше уапсен во Белград поради наводна врска со убиство во Македонија.
Штекли имаше неколку инциденти во последните години. Во 2021 година преживеа напад со пукање, но се чини дека блендираниот автомобил го спасил од повреди.
Потоа во 2023 година (месец август и октомври) беше нападнат во трговскиот центар Ист Гејт.
ФОТО: Штекли ги објави раните од КУРШУМИТЕ: Бог ги сака храбрите
Минатата година (ноември 2024) во неговиот двор експлодираше и бомба.
Нападот беше сметан за порака од криминална група.
Иако не е директно поврзан со последните мафијашки убиства, неговото име е поврзано со подземјето, каде што се случија нови прегрупирања, особено по убиствата во „Шиша бар“.
По двојното убиство во „Шиша бар“, кое започна нова ривалска битка, следуваа други убиства во Приштина и Халкидики, со што групата „Дуќанџик“ остана без лидер.