Грчката полиција уапси маж кој клоцал мачка во морето додека бил на вечера во ресторан на островот Евија.
На видеото на социјалните мрежи се гледа дека три лица седеле во отворен ресторан кога им пришле две мачки. Тие се обиделе да ги намамат во морето со риба, а потоа еден од мажите ја клоцнал мачката во морето.
Доколку биде обвинет, тој може да се соочи со затворска казна до 10 години. Може да добие и максимална казна од 50.000 евра.
Мештаните по инцидентот мачката ја однеле на ветеринар, каде било констатирано дека е неповредена.
„Насилството врз животните е неприфатливо. Честитки за оние кои го објавија видеото“, изјави грчкиот министер за полиција Такис Теодорикакос.
View this post on Instagram
Во 2020 година Грција донесе строг закон според кој злоупотреба на животни се казнува со затвор од една до десет години. Одлуката беше едногласно изгласана во парламентот, а предвидува големи казни.
Грција има една од најголемите популации на кучиња и мачки скитници во светот, а активистите за правата на животните проценуваат дека само во Атина има милиони улични мачки и кучиња.