Уапсени две лице кои краделе пари и вредни предмети низ гостиварските села

Полициски службеници на СВР Тетово – Полициско одделение Галате, денеска околу 11.30 часот ги лишиле од слобода Ј.М.(18) и А.Ш.(28), двајцата од гостиварското село Добридол.

Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека минатиот и овој месец извршиле неколку кражби во објекти во села во регионот на Врапчиште и одзеле пари и други предмети.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случаите, по што ќе им бидат изготвени соодветни пријави

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното