Балкан

Уапсено лице од Прењас, шверцувал оружје од Македонија за продажба

Уапсено лице од Прењас, шверцувал оружје од Македонија за продажба

Албанската полиција уапси 33-годишен жител на пограничниот град Прењас.

Тој е откриен во рамки на шифрираната полициска акција „Граничен премин“ , а се товари за трговија со оружје од македонска на албанска териорија.

Запленети се автоматска пушка-калашников и сачмарка, кои, уапсениот откако, со возило, ја минал границата во зелениот појас имал намера да ги продаде.

„Како резултат на брзото администрирање на информациите од полициското разузнавање, за државјанин кој е осомничен за трговија со оружје од РСМ специјалците од одделот за истрага на недозволена трговија и наркотици од регионалниот комесаријат во Елбасан во соработка со специјалци за истрага на кривични дела, ја финализираа шифрираната полициска акција „Граничен премин“. Во истата, уапсено е лицето Ш.Ч.(33) жител на Прењас“, стои во полициското соопштение.

Процедуралните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Елбасан за понатамошни дејствија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни