Уби едно лице, тешко повреди друго: Напаѓачот убиен по пукање и отпор кон полицијата во Јагодина

Синоќа српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, информираше дека припадници на Специјалната антитерористичка единица ликвидирале 48-годишен маж во Јагодина, откако тој уби едно лице и тешко повреди друго.

Според извештаите, инцидентот се случил по расправија во локален објект, при што напаѓачот отворил оган. По пристигнувањето на полицијата, осомничениот пружил вооружен отпор и стрелал кон нив, по што бил неутрализиран.