Свет

Убиен Ел Менчо, најголемиот нарко-бос во светот!

Убиен Ел Менчо, најголемиот нарко-бос во светот!

Бран на насилство избувна во Мексико откако еден од врвните криминалци беше убиен во заедничка операција на мексиканските сили и американските разузнавачки агенции.

Немесио Озгера Сервантес, познат како „Ел Менчо“, беше водач на озлогласениот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG) и почина од повредите здобиени во судирите меѓу неговата банда и војската на 22 февруари.

Четири членови на бандата беа убиени за време на операцијата во градот Тапалпа, во централно-западната држава Халиско, а тројца војници беа ранети, соопшти мексиканското Министерство за одбрана.

Керолајн Левит, портпаролка на Белата куќа, рече дека Ел Менчо бил „главна цел на мексиканската и американската влада како еден од клучните трговци со дрога фентанил во Соединетите Држави“.

Таа рече дека тројца членови на картелот биле убиени, тројца други биле ранети, а двајца биле уапсени во операцијата, која била поддржана од американското разузнавање.

По убиството на нивниот шеф, бандата започнала одмазда во најмалку 12 мексикански држави.

Во некои држави, тие блокираа патишта, палеа автомобили и цистерни со гориво.

На улиците на Халиско и други држави имаше извештаи за вооружени мажи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни