Тексасскиот рапер G$ Lil Ronnie и неговата 5-годишна ќерка беа застрелани и убиени во понеделникот наутро во Далас на перална за автомобили.
Властите го опишаа случајот како целно убиство.
Се верува дека двајца напаѓачи испукале куршуми кон детето и нејзиниот татко Рони Смит (30), познат по уметничкото име G$ Lil Ronnie, додека седеле во паркиран автомобил на перална за автомобили, соопшти полицијата на Форест Хил, пишува Independent.
Напаѓачите се возеле со бел автомобил, излегле од возилото и веднаш отвориле оган. На видеото од нападот кое стана вирално на социјалните мрежи се гледа како Смит се обидува да го одвлече вниманието на напаѓачите од автомобилот, трчајќи пред да биде погоден од куршуми и да падне на земја.
Очевидец кој се јавил на 911 изјави за CBS Далас-Форт Ворт дека слушнал меѓу 20 и 30 истрели.
И Смит и неговата ќерка биле прогласени за мртви на местото на настанот.
„Тој беше рапер. Не пречеше никого. Не напаѓаше никого. Беше семеен човек, одеше наоколу рапувајќи, добро. Го чистеше автомобилот, а некој дојде, почна да пука и го уби него и бебето. И бебето“.
Раперот имаше три албуми на Spotify и привлекуваше повеќе од 40.000 слушатели месечно. Веројатно најпозната песна му е Hoodframe Killuminati од 2018 година, во која соработуваше со Го Јајо.
Еден од осомничените веќе е идентификуван и по него е распишана потерница за тешко убиство, но неговиот идентитет се уште не е соопштен.
Пералницата набргу по инцидентот соопшти дека ќе биде затворена најмалку два дена за да помогне во истрагата.
„Шокирани сме, згрозени и длабоко вознемирени од бесмислените и насилни настани што се случија денеска“, се вели во соопштението на пералната, пренесува CBS.
Двојното убиство, наводно, е четврто и петто убиство оваа година во Форест Хил, Тексас.