Украдени 76 сообраќајни знаци за 4 месеци од патиштата во околина на Прилеп

На 10.11.2023 во 11.00 часот во ОВР-Прилеп, С.В. (62) од Прилеп вработен во Македонија Пат – Прилеп, пријавил дека во временскиот период од 20.06.2023 до 06.11.2023 година на регионалните патишта:

  • Р-1303 делница Прилеп-Македонски Брод од 3-ти до 30-ти километар,
  • на Р-1306 делница Прилеп-Крушево од 6-ти до 31-ви километар,
  • на А-3 делница Прилеп-Тополчани од 97-ми до 117-ти километар,
  • на А-1К1 делница Прилеп-Фариш од 25-ти до 50-ти километар,

непознат сторител одзел 76 сообраќајно-патни знаци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.