Украинскиот Генералштаб соопшти дека руската армија загубила 19.500 војници, 154 авиони, 137 хеликоптери и 725 тенкови.
Украинскиот Генералштаб објави информации за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 11 април.
Според тоа, загинаа 19.500 војници од руската армија која ја напаѓа Украина, уништени се 154 руски авиони, 137 хеликоптери, 725 тенкови, 1923 оклопни возила, 347 топови, 111 системи за лансирање ракети и 55 системи за противвоздушна одбрана.
Руските сили загубија и 1.387 возила, 7 бродови и лесни глисери, 76 возила со гориво и 119 дронови.
